


Книга со шест интервјуа, три текста и една табела со оценки за најновите поставени и оние што допрва треба да се постават скулптури и за аспектите на новите архитектонски остварувања во централното подрачје на Скопје. Текстовите се и расправа за идеолошките, политичките и системските стратегии на тековното разбирање на демократијата во Македонија...

Книгата претставува преобјавување на тринаесетте колумни пишувани и објавени за двонеделникот „Форум“ во текот на 1999. Кон нив е придодаден уште еден подолг полемички текст со книгата „Мојот занает“ и некои од тезите на Бојан Иванов во неа, којшто го проблематизира ставот дека ликовната/уметничката критика треба да биде само последователна, но не и промоторна...
(98 страни и 15 илустрации во боја)

(78 страни и 13 илустрации во боја)


(134 страни и 16 илустрации во боја)
Двете книги Интервјуз_1 (за уметноста) и Интервјуз_2 (за културата) се збирка на разговори водени, давани и објавувани во текот на последните петнаесетина години. Тие се однесуваат на повеќе прашања врзани за уметноста и културата општо, но, пред сè, за македонската уметност, култура и културна политика. Низ нив се проткајува своевидна документација за настаните и случувањата, иако нивната подреденост не е хронолошка. Интервјуата се давани во различни пригоди и по различни поводи. Еднаш тие се за потребите на проектини истражувања на колеги кои, секој во својата област, вршеле пообемни и пошироки преиспитувања на состојбите во уметноста и културата во Македонија. Друг пат тие биле за потребите на нечија научно-истражувачка работа, кога, врз основа на анкетната форма, се доаѓало до заокружување на истражувачките теми. Трет пат за различни неделни и дневни печатени медиуми коишто со нив интервенирале во однос на некоја акутна тема или појава од поширок јавен интерес.
издавач:
ЗГ „359º - Мрежа за локални и субалтерни херменевтики“, Скопје
